Stipe Mayiç
04 Мај 2017•Ажурирај: 05 Мај 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Пред да дојде на дневен ред гласањето за доверба на претседателот на Собранието, челникот на овој законодавен дом, Божо Петров, поднесе оставка на функцијата, јавува Aнadolu Agency (AA).
По гласањето, во кое еднаков број на гласови беа „за“ и „против“ отповикување на министерот за финансии, Здравко Мариќ, Петров поднесе оставка на местото претседател на Парламентот, поради, како што рече, заштита на достоинството на Собранието.
Петров порача дека распишувањето на нови избори е единственото демократско решение.
Божо Петров на местото претседавач со Собранието го замени Жељко Реинер од редовите на ХДЗ.
Кризата во Владата и во Собранието во Хрватска продолжува, а прашањето дали премиерот Андреј Пленковиќ ќе успее да оформи ново парламентарно мнозинство и дали ќе добие поддршка за именување на нови министри во Владата (кои ќе ги заменат четворицата сменети министри на Мост), или пак ќе дојде до нови предвремени парламентарни избори, останува отворено.