Ekip
29 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
АНКАРА (AA) - Турската Национална разузнавачка агенција (МИТ), зададе тежок удар на огранокот на организирањето на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ на Балканот, при што 6 високи претставници на организацијата се екстрадирани во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде Anadolu Agency (AA) од безбедносни извори, во операцијата спроведена во активна соработка на МИТ и Косовската разузнавачка служба, фатени се шест високи претставници на ФЕТО/ПДЈ по кои се трагаше во Турција.
Лицата Џихан Озкан, Кахраман Демирез, Хасан Хусејин Ѓунакан, Мустафа Ердем, Осман Каракаја и Јусуф Карабина со специјален авион се донесени во Турција од страна на МИТ.
Се дознава дека припадниците на ФЕТО/ПДЈ се доставени до судските власти.
Според добиените информации, шесте припадници во бегство на ФЕТО/ПДЈ кои беа фатени по една извршена операција, покрај нивните активности во земјите на Балканот, тие организирале бегствата на припадниците на организацијата од Турција во европските земји и во САД.
Безбедносните единици открија дека Озкан ги организирал парите на донации кои биле собирани во земјите на Балканот и ги доставил до лидерите на организацијата во Пенсилванија.
Демирез одговорен за младинската структура на оваа организација во Косово, работел активно на балканските земји и играл улога во учеството на голем број лица во оваа организација.
Ѓунакан кој беше донесен во Турција по операцијата на МИТ, беше познат како лидер одговорен за наставниците во училиштата на оваа структура во регионот.
Другите имиња биле високи претставници одговорни во различни институции и структури на ФЕТО/ПДЈ на Балканот.
Исто така, се вели дека Осман Каракаја имал активна улога во судсиот процес Ергенекон, и во овој период за кој станува збор, подготвил извештаи во полза на ФЕТО/ПДЈ во Институтот за судска медицина. Поради оваа причина, тој добил плакета од страна на лидерот на оваа терористичката органзиација, Фетула Ѓулен.