Vesna Besiç
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
САРАЕВО (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, допатува во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
На Меѓународниот аеродром во Сараево, турскиот премиер беше пречекан од министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак, и од амбасадорот на Република Турција во БиХ, Халдун Коч.
Јилдирим пристигна во БиХ на покана на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
Пред зградата на институцијата, за турскиот премиер ќе биде приреден свечен дочек.
Дводневната посета на БиХ, Јилдирим ја започнува со средбата со претседавачот на Советот на министри. Потоа ќе се одржи и состанок на делегацијата на Советот на министри на БиХ и на Владата на Република Турција.
Турскиот премиер во текот на денот ќе се сретне со членовите на колегиумот на Парламентарното собрание на БиХ и со членовите на Претседателството на БиХ.
За утре, предвидена е посета на Шехидските гробишта „Ковачи“, каде што Звиздиќ и Јилдирим ќе положат цвеќе. Истиот ден, ќе ја посетат Галеријата 11/07/95 и ќе прошетаат низ Баш-чаршија.
Јилдирим во посетата на Сараево ја предводи делегацијата на турските претставници, меѓу кои заменик-премиерот Реџеп Акдаг, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекџи, министерот за транспорт и врски Ахмет Арслан и претседателот на Управата за верски прашања на Турција, Али Ербаш.