Ata Ufuk Şeker
15 февруари 2016•Ажурирај: 16 февруари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Скоро 5.000 вработени во металната индустрија од земјите од Европската унија денес се собраа во Брисел преку протестен марш да го искажат своето незадоволство поради „сè поголемата преплавеност на европскиот пазар со ефтини кинески производи”, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестниот собир започна на Плоштадот на ЕУ во Брисел, а го организираше Унијата на европски металци (EUROFER).
Демонстрантите со мирен марш, со зајакнати мерки на безбедност, поминаа покрај седиштето на Европската комисија и Советот на Европа.
„Сакаме работа и транспарентна трговија”, „Стоп за кинескиот дампинг” и „Не давајте ѝ на Кина статус на пазарна економија” се само некои од пораките кои ги упатија скоро 5.000 демонстранти.