Bekim Laci
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Сојузот на стопанските комори на Македонија и Македонска развојна фондација за претпријатија, традиционално ги додели наградите за најуспешните претприемачи на 2017 година, кои се доделуваат со цел поттикнување на претприемачкиот дух во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши, во неговото обраќање ја поздрави работата кои ја прават малите и средните претпријатија за создавање на нови работни места, чија важност најдобро се опишува преку стратегијата „Европа 2020“, каде Европската унија (ЕУ) ја укажува поддршката за малите и средните претпријатија, како и за претпријатијата во целина.
„Во оваа насока, Министерството за економија во неговата годишна програма во категоријата на Конкуренција, Иновациоја и Претприемништво спроведе мерки и активности за создавање поттикнувачка клима за отварање на нови претпријатија за зајакнување на тие постоечките, микро, мали и средни, развојот и подобрување на институционалната инфраструктура за поддржување на бизнисот и претприемачкиот дух“ рече Бектеши, и додаде дека од оваа програма оваа година биле поддржани 89 компании, 23 занаетчии и 30 проекти на невладини организации и Занаетчиските комори кои аплицирале за овие мерки.
Претседателката на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Даниела Арсовска, се осврна на активноста на претприемачите во земјата, поточно на нивното оценување од меѓународните релевантни фактори.
„Она коешто имаат другите да го кажат за нас е дека Република Македонија е земја на паметни луѓе и добри идеи", истакна Арсовска.
Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа, нагласи дека бизнис заедницата во Македонија се соочува со повеќе бариери кои го оневозможуваат учеството во економскиот сектор, како што се, според него, пристапот до финансии, админстративни проблеми и обезбедување на стручен кадар.
„Овие проблематики постоеле со години и го одразувале бројот на бизнисите кои се регистрирани и направиле младите да се двоумат да преземаат иницијативи во економскиот сектор“, рече Хоџа, истакнувајќи дека од последните мерки на оваа комора со која управува се однесуваат на охрабрување на младите за претприемништво.
На настанот доделени првата и втората награда во категоријата на микро и мали претпријатија. Во категорија на малите претпријатија, втората награда беше доделена на една компанија која делува во областа на транспорт, логистика и шпедиција, додека првата награда ја беше доделена на една компанија која делува со производство на градежните материјали.
Втората награда во микро категорија, ја освои компанијата која собира, преработува и извезува планинско овошје, додека првата награда и припадна на една маркетинг компанија.
Селекцијата е направена врз основа на податоците на Централниот регистар на Република Македонија.