Ekipa
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
ТОКИО (АА) - Јапонскиот производител на автомобили Тојота (Toyota) соопшти дека годинава продаде 10,35 милиони возила, што е за 2 проценти повеќе од претходната година, а се очекува да ја зголеми продажбата следната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бројот на продадени возила, кој беше објавен денес, веројатно ќе ја донесе јапонската компанија близу минатогодишниот број еден продавач во светот, германскиот Фолксваген (Volkswagen).
Фолксваген продаде 10,3 милиони возила минатата година и беше пред Тојота и американскиот производител Џенерал Моторс (General Motors).
Тојота, која во 2016 година продаде скоро 10,2 милиони возила ширум светот, очекува следната година да продаде 10,495 милиони возила.
Останатите светски производители на автомобили сè уште не објавија податоци за продажбата во 2017 година.