Gülşen Topçu
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ТАИЗ (АА) - Прекинот на огнот меѓу завојуваните страни во Јемен, кој на сила стапи на полноќ, во Taиз седумпати е прекршен, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија на социјалните мрежи припадниците на силите на Народниот отпор лојални на претседателот на националниот отпор Aбдурабу Мансур Хади (HDG), Хусите и силите лојални на соборениот претседател Али Абдулах Салих веќе во првиот половина час откако на сила стапи прекинот на огнот, извршија напад врз неколку населени места кои му припаѓаат на Taиз.
Од друга страна, во градот на Maрееб, воздушните сили на одбраната на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија во воздухот уништија проектил лансиран од страна на Хусите.
Обединетите нации (ОН) претходно повикаа на прекин на огнот пред преговорите, кои е планирано да се одржат на 18-ти април во Кувајт.
Првиот и вториот круг на преговори меѓу завојуваните страни во Јемен се одржаа во Швајцарија, сепак не резултираа со напредок.