Burhan Sansarlıoğlu
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Пред состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) на 30 ноември, цената на нафтата „брент“ е под 47 долари по барел, јавува Anadolu Agency (AA).
По позитивните податоци што минатата недела беа објавени во САД и зацврстувањето на доларот, цената на нафтата „брент“, која во текот на неделата се движеше во рамките од 46,8 до 50 долари по барел, неделата ја заврши со цена од 47,09 долари по барел.
Цената на нафтата „брент“ на пазарите во Азија оваа недела ја започна со 46,6 долари по барел, во еден момент постигнувајќи ја највисоката вредност од 47,4 долари, а по 10.45 часот се зацврсти на 46,9 долари.
Цената на суровата нафта на западен Тексас во моментов е намалена за 0,7 и изнесува 45,7 долари по барел.
Аналитичарите сметаат дека пред состанокот на членките на ОПЕК на 30 ноември, на средбата на којашто денеска ќе се сретнат претставниците на ОПЕК, постои можност да бидат дадени насоки за движење на цената на нафтата на светската берза.
Аналитичарите сметаат дека од технички аспект, нивото на поддршка на нафтата „брент“ ќе биде од 44,6 до 45,5 долари по барел, додека нивото на отпор би требало да изнесува 48 долари по барел.