Ekipa
04 Февруари 2025•Ажурирај: 05 Февруари 2025
ТОРОНТО (АА) - Откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за увоз од Канада, купувачите во Канада почнаа да го користат слоганот „Made in Canadа“, јавува Анадолу.
Во маркетот „Лоблавс“ во Торонто, Канада, денес покрај цените на производите беа поставени и налепници со натпис „Made in Canadа“.
За време на својата претседателска кампања Трамп вети дека веднаш по преземањето на функцијата ќе воведе дополнителни тарифи за производите од Канада, Мексико и Кина.
Трамп во саботата потпиша извршна наредба со која наметна дополнителни царини од 25 отсто за увоз од Мексико и Канада, како и 10 отсто за производите од Кина.
Сепак, во понеделник Трамп даде 30-дневен грејс период за Канада, што донесе привремено олеснување за канадските лидери.
Последното продолжување на рокот за тарифите (10 отсто за нафтата) беше постигнато вчера попладне за време на телефонскиот разговор меѓу канадскиот премиер Џастин Трудо и Трамп, а канадските компании со нетрпение го очекуваа исходот.
Предложените тарифи би биле катастрофални за канадската економија.
Трамп предупреди дека доколку Канада и Мексико не преземат мерки за спречување на масовниот влез на смртоносниот наркотик фентанил во САД преку нивните граници, тарифите ќе стапат на сила.
Исто така, тој побара стопирање на нелегалната миграција од Мексико и Канада во САД.