Gökhan Ergöçün
12 Април 2022•Ажурирај: 13 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Годишната стапка на инфлација во март во Германија изнесувала 7,3 отсто, што е најголема стапка од 1981 година, објави денес Сојузниот завод за статистика (Destatis), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На месечно ниво потрошувачките цени во март пораснаа за 2,5 отсто“ се податоците на Заводот.
Во март цените пораснаа главно поради растот на цените на гасот и нафтените деривати откако Русија ја започна војната против Украина. Кон тоа придонесе и „тесното грло“ во испораката поради прекините во синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата на Ковид-19.
Годишната стапка на инфлација во февруари изнесувала 5,1 отсто, што е рекорд од обединувањето на Германија.