?????
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за труд и социјала Андреа Налес се закани дека ќе ги укине бенефициите за оние бегалци кои не сакаат да се интегрираат во германското општество, јавува Anadolu Agency (АА).
Германските власти во текот на минатата година регистрираа 1,1 милион лица кои бараат азил.
Интеграција на оние кои им е дозволено да останат во земјата во следните неколку години ќе биде голем предизвик.
Како што е објавено во германскиот весник "Frankfurter Allgemeine Zeitung", Налес рече дека „сите луѓе кои живеат во Германија, без оглед на нивната етничка припадност, треба да вложат напори да најдат работа и поддршка за нив и нивните семејства на најдобар можен начин”.
„Ние ќе ги укинеме бенефициите за оние кои не сакаат да се интегрираат”, рече германскиот министер.
Според неа, интеграција значи почитување на правилата на германското општество и учење на јазикот.