Gökhan Ergöçün
10 Јануари 2023•Ажурирај: 11 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради високите трошоци за енергија и тековните проблеми со синџирот на снабдување, 39 отсто од германските компании очекуваат пад на нивните бизнис активности во 2023 година, покажува истражувањето објавено вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според истражувањето спроведено од Германскиот економски институт со 2.500 фирми, за рецесија се подготвува особено градежната индустрија.
Се наведува дека германските компании сè уште биле оптимистични на почетокот на минатата година, но дека високите цени на енергијата и проблемите со суровините го уништиле нивниот оптимизам.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека 26 отсто од фирмите очекуваат подобра финансиска година во 2023 година, додека 35 отсто од нив очекуваат стагнација.
На повидок е сериозна рецесија, особено во градежната индустрија, бидејќи повеќе од половина од градежните компании очекуваат намалување на бизнисот во новата година.
Мајкл Громлинг, економски истражувач во Институтот, рече дека тековните проблеми со неизвесноста со снабдувањето со енергија подеднакво влијаат на сите делови на земјата, и дека тоа не се добри вести за 2023 година.
Германија се соочува со нова рецесија, предупреди тој.