Emre Gürkan Abay
25 Декември 2024•Ажурирај: 25 Декември 2024
МОСКВА (АА) - Руските компании почнаа да користат биткоин и други дигитални средства во меѓународните плаќања, изјави денес рускиот министер за финансии Антон Силуанов, пренесува Анадолу.
Во изјавата за рускиот државен канал „Россија-24“, Силуанов рече дека биткоините „ископани“ во Русија може да се користат во експерименталниот процес за меѓународни плаќања, а веќе се започнати такви плаќања.
Силуанов истакна дека овој начин на плаќање треба да се развие и прошири.
Иако нема ограничувања за купување криптовалути во Русија, сепак е забранета употребата на овие криптовалути како начин на плаќање во земјата.
Со декретот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин на 8 август беше легализирана експерименталната употреба на криптовалутите во меѓународните плаќања и трансакциите Форекс.