Ivana Ramadanova
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Заедничкиoт туристички пакет на земјите на регионот е докажан како формула за успех и како таква треба да се прошири и да се дополни, а за неговата реализација е неопходнa патната инфраструктура. Ова беше заклучокот на заедничката прес-конференција на која Сојузот на стопанскикте комори на Македонија (ССКМ) и амбасадорите на Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија ги претставија плановите за создавање на заеднички понуди за учество на третите пазари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во улога на претседател на Туристичката комора во ССКМ, Аркан Керим рече дека целта на овој состанок и претходните напори е привлекувањето на туристи од трети земји преку квалитетни туристички понуди.
Тој рече дека во моментов има една балканска еднонеделна понуда која го вклучува Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скадар и Тирана, а потоа Охрид и Скопје, но, како што рече, со поголема мобилизација може да се добие поголем број туристи кои ја посетуваат Хрватска и Словенија но кои не се спуштат во јужниот дел од Балканот.
„Минатата година имало 240 илјади туристи од Кореја кои доаѓаат на 12-14-дневни турнеи. За следната година планираме во понудата да ги ставиме и Саранда и Бутринт. Ова е формулата за успех“, рече тој, додавајќи дека целта на прес-конференцијата беше, меѓу другото, да им се препорача на владите да работат во насока на подобро инфраструктурно поврзување, како предуслов за развој на туризмот, бидејќи, како што рече, од Скопје до Сараево се патува за 16 часа, додека патот од Скопје до Рио де Жанеиро трае само 12 часа.
„Авионската линија Скопје-Подгорица-Сараево и автопатот Скопје-Приштина ќе овозможат да се зголеми бројот на туристи од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, додека со Србија е потребна поголема заедничка промоција на туризмот“, рече Керим.
Албанскиот амбасадор во Македонија, Фатос Река, повикувајќи се на огромниот потенцијал на туризмот во Албанија, земја која обезбедува морски, планински и бањски туризам, рече дека подобрувањето на инфраструктурата ги поттикнал туристите да ги посетат најоддалечените места на земјата.
„Учеството на амбасадорите на четирите земји тука е во согласност со Берлинскиот процес, кој има за цел да ги зближува земјите од Западен Балкан преку трговските, културните и туристичките размени, и сум убеден дека оваа средба ќе служи во полза на унапредувањето на соработкатата“, рече Река, според кој бројот на туристи кои ја посетија Албанија во 2015 година ја надмина цифрата од 3 милиони.
Од друга страна, амбасадорката на Србија, Дивјак Томиќ, изјави дека и покрај соработката, постојат многу неискористени туристички можности.
„Регионот ќе има одлична перспектива за туризам ако во пакетот се вклучува вековното културно наследство“, рече таа, додека амбасадорката на БиХ, Лепа Бабиќ, изјави дека на нејзината земја и се додаде туристичка атракција, повикувајќи се на вклучувањето на старите камења на надгробите споменици кои се сврстени на листата на УНЕСКО.