Hakan Ceyhan Aydoğan
09 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
МОСКВА (AA) - Во руската престолнина Москва се одржа зимската велосипедска трка на минус 15 степени целзиусови на патека долга 14 километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Трката се одржа прв пат во Русија а на неа учествуваа околу 1000 љубители на велосипедизмот. Возењето се одржа со цел да се подобри велосипедиската инфраструктура во овој град но исто така и да привлече повеќе внимание за овој спорт.
Учесниците облечени во костуми на Дедо Мраз и покрај ниските температури не се откажаа од целта да ги прејдат 14-те илометри. Елена Бибина присуствуваше на маратонот со своето дете.
"Не ни пречи ладното време. Се облековме топло и пиеме чај. Се потрудивме да се забавуваме во возењето на минус 15", вели Бибина.
Во мај минатата година се одржа сличен настан на кој присуствуваа околу 25 илјади луѓе.