Recep Şakar
28 Март 2019•Ажурирај: 29 Март 2019
МЕЛБУРН (AA) - Во австралискиот град Мелбурн се одржува 24. Меѓународен саем на цвеќе и градинарство, кој собира експерти од оваа област од различни делови на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Австралијците покажаа голем интерес за Саемот организиран во зградата на Кралскиот изложбен центар во Мелбурн и во градините околу Центарот.
Посетителите имаа можност да ги видат посебните цветни аранжмани од свежо и суво цвеќе, но исто така и оние кај кои се користени различни растителни материјали.

Саемот во Мелбурн секоја година го посетуваат повеќе од десетици илјади луѓе, а трае до 31 март.
Ајдан Тамај, посетител на Саемот, дошла со мајката Нурсен.
„Многу убаво. Поминуваме убав ден во Мелбурн“, истакна Ајдан.