Yusuf Hatip
28 Март 2019•Ажурирај: 30 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Романците се лидери во Европската Унија (ЕУ) според слободното време одвоено за спортски активности, а Хрватите се на последното место на таа листа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Евростат ги објави резултатите од истражувањето за тоа како граѓаните на членките на Европската Унија го поминуваат слободното време.
Истражувањето покажа дека 72 отсто од државјаните на Европската Унија на возраст над 16 години во слободното време практикуваат одредени спортски активности.
Седмично до три часа спорт практикуваат 27 отсто, а до пет часа седмично за спортување одвојуваат 17 отсто од државјаните на ЕУ. Над пет часа седмично спортуваат 28 отсто од Европејците.
Истражувањето покажало дека Романците се лидери во Европската Унија, бидејќи 96 отсто од нив редовно практикуваат некоја спортска активност.
Следуваат Данска, во која 93 отсто од граѓаните редовно спортуваат, Холанѓаните со 91 и Германците со 88 отсто.
Од друга страна, жителите на Хрватска најмалку време одвојуваат за спорт и рекреација во рамките на ЕУ. Само 36 отсто од Хрватите спортуваат.
Претпоследна на листата е Португалија во која 45 отсто од нејзините граѓани во слободното време се занимаваат со некој спорт.