Fikret Delal
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
РИЗЕ (АА) - Трговецот Омар Јилмаз со храбар чин на вештачко дишење спаси куче кое неподвижно лежело на земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните трговци во населбата Кадерли, во североисточниот турски град Ризе, се познати по утринското хранење на кучињата скитници.
За време на хранењето, трговците забележале куче кое неподвижно лежело на земја.

Трговецот Јилмаз ја исчистил устата на кучето, го полил со вода, а потоа почнал со масажа да го реанимира неговото срце.
Јилмаз на неподвижното куче му дал и вештачко движење, а кучето потоа се разбудило и станало на нозе.