Ali Kemal Zerenli
04 Јуни 2024•Ажурирај: 13 Јуни 2024
ХАТАЈ (АА) - Ибрахим Гулџу, 37-годишниот имам на џамијата Пајас Селим II изградена во 1574 година во јужната турска област Хатај, ги воодушевува посетителите со смирувачките звуци на инструментот неј во дворот на џамијата, пишува Анадолу.
Со својот интерес за изработка на инструментот неј уште пред 12 години, во џамијата во комплексот Сокулу Мехмет-паша, Ѓулџу трансформира дел од џамијата во работилница каде што го поминува своето слободно време правејќи го овој традиционален инструмент.
Со звуците кои се шират од под сенката на историската маслинка стара 1.357 години во дворот на џамијата, имамот привлекува и локални и странски посетители.
Имамот Ѓулџу, исто така, им ги подарува ракотворбите што ги изработува на учениците кои ги посетуваат неговите часови, вклучително и оние погодени од земјотресите кои ја погодија јужна Туркије на 6 февруари минатата година.

За Анадолу, Ѓулџу рече дека неговата страст за изработка на неј започнала од љубопитност и оттогаш тоа станало значаен дел од неговиот живот.
Ѓулџу добил позитивни реакции од џамиската заедница, локално позната како џамија Сари Селим.
„Под маслиновото дрво го свирам она што го бара нашата заедница и добиваме прекрасни коментари. Свирам и стари дела од предците. Некои посетители, заинтригирани од звуците, сакаат да научат како да направат и како да свират неј.“

„Имам 20 ученици на кои им давам бесплатни часови за изработка и за свирење на инструментот. Не добивам никаков профит од нејот што го изработувам. Им го подарувам на моите ученици, особено на нашите браќа и сестри погодени од земјотресот.“
Комплексот Сокулу Мехмет-паша и џамијата Пајас Селим II, изградени од страна на Мимар Синан во 1574 година, привлекуваат голем број домашни и странски посетители.
Гулџу, кој течно зборува арапски, француски и англиски, исто така ги запознава туристите со историскиот комплекс.