Aldıjana Hadzıc
10 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
САРАЕВО (АА) – Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1815 - Се случи ерупција на вулканот Тамбора на индонезискиот остров Сумбава. Ерупцијатa траела полни 3 месеци. Се смета за една од најголемите ерупции во историјата. Од директините последици на ерупцијата настрадале околу 19.000 лица, додека гладот и болеста по ерупцијата однесоа уште 49.000 животи на околните острови.
1825 - Отворен е првиот хотел на островот Хаваи во САД.
1858 - Излеано е оригиналното ѕвоно за лондонскиот Биг Бен во Стоктон -он -Тис. За време на тестирањето на тешкото ѕвоно од 14,5 тона тоа пукнало, па во леарницата ‘Whitechapel Bell’ излеано е ново, кое било тешко 13,76 тони.
1847 - Роден е американскиот новинар и публицист Јозеф Пулицер, кој во тестамент на факултетот за новинарство во Колумбија во САД оставил фонд од кој се доделува Пулитцерова награда. Наградата се доделува и денес за најдобри постигнувања од областа новинарство.
1919 - Мексиканскиот лидер Емилијано Запата е убиен во опсада во близина на Сиудад Ајале во сојузната држава Морелос. Запата беше лидер на мексиканското селско движење за аграрна реформа во мексиканската револуција која траела од 1910 до 1917 година.
1930 - Произведена е првата синтетичка гума.
1931 - Почина писателот Халил Џубран. Познат е по неговата книга “Пророкот”. Делата ги пишувал на арапски и англиски јазик.
1941 - Хрватска е прогласена за независна држава.
1951 - Роден е американскиот уредник и глумец Стивен Сигал. Тој е инструктор по аикидо, кој својата вештина ја претвори во занесен холивудски бизнис, чии небројни акциски филмови имаат заработка преку 600 милиони долари.
1957 - Отворен е Суецкиот Канал за два вида на сообраќај.
1972 - Роден е фудбалерот Марио Станиќ, кој поради тешка повреда на коленото во сезоната 2003/04 мораше присилно да ја заврши дотогаш успешната кариера започната во сараевската Железњичара, а продолжена низ португалскиот Бенфика, белгискиот клуб Бриж, италијанскиот Парма и англискиот клуб Челзи.
1973 - Роден е бразилскиот фудбалер Роберто Карлос да Силва Роча, познат како Роберто Карлос.