Mertkan Morkoç,Kenan Yeşilyurt
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - „Со мислата дека Господ не го оптеретува човекот повеќе од она што тој може да го поднесе", истанбулскиот носач Реџеп Ајдин Каја посветено и грижливо ја работи својата работа, работејќи секојдневно и оставајќи ја својата пот на истанбулскиот Историски полуостров, местото на првобитниот град Истанбул.
Веќе во детството започна да работи продавајќи ситни работи за малку пари. Во основно училиште од својот татко ја наследил работата носач и тогаш почнале неговите долги работни денови. Запиша средно трговско школо после што е примен и на угледната истанбулска Трговска академија. Поради политичките несогласувања дојде во судир со учениците неистомисленици. По 1980 година, кога војската во Турција изврши воен удар, го напушта школувањето и заминува да служи војска.
Одејќи во војска ја остави работата, но откако се врати повторно беше приморан да за започне иста работа бидејќи неговиот татко имаше уште седум деца кои со мака ги прехранувал. Помагал на семејството така што плаќал здравствено осигурување за таткото и им помагал на браќата и сестрите да тргнат во живот.
Бидејќи имал количка, Кана знаел во една тура да превезува и до 380 килограми. Вредно работел, додека капки пот од челото капеле низ истанбулските улици. Бидејќи уредно ги плаќал придонесите на државата 58-годишниот Каја сонува за ден кога ќе се пензионира.
И покрај своите години работливиот Каја ја продолжува својата работа, истакнувајќи дека, се додека има сила, не сака никому да му е на терет. Каја за Anadolu Agency со горност зборуваше за работата која ја наследил од својот татко.
„Работата на носачот е да носи некој терет. Господ нема да ти даде терет кој не може да го носиш. Се додека имаш доволно сила и цврстина во состојба си да ја извршуваш оваа работа. Не може секој да стане носач", појаснува Каја.
„Угледот е бескрајното богатство на човештвото", тврди Каја додавајќи дека од парите кои ги заработува веќе 20 години на драгите луѓе им подарува подароци.
Додека зборуваше за својата судбина не се одделуваше од торбата во која ги чува ситните работи како што се чорапи, марами, кравати или слични подароци кои ги подарува на пријателиет кога заминува во наргила барот каде се опушта од работата. Каја вели дека „раката која дава е подобра од онаа која зема", и истакнува дека дарувањето е братско и начин на зближување со луѓето.
Каја до денешен ден не се оженил бидејќи не нашол жена која би се омажила за него.
„Ми рекоа дека сум работник и не ми ја дадоа раката на девојката.За мене тоа беше прашање на честа и јас се ослонив на Господ. Секако голема е болката и тагата да изгубите нешто во моментот кога мислите дека токму го најдовте. Знае оној кој доживеал"; појаснува Каја замислено потсетувајќи се на минатото.
Сопственикот на кафаната во која оди Реџеп Каја истакнува дека го познава од 1987 година и дека секојдневно од својата торба вади некои ситници и им ги подарува на драгите луѓе.