Ayhan Şimşek
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
БЕРЛИН (АА) - Германија денеска, втор ден по ред, постави нов дневен рекорд на случаи со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“ потврди уште 29.875 нови случаи на коронавирусот во изминатите 24 часа, наспроти 23.679 претходниот ден.
Институтот, исто така, објави рекордно високи 598 смртни случаи, со што билансот на досега починати се зголеми на 20.970.
И покрај делумниот карантин што започна на 2 ноември, седумдневниот просек на нови случаи во Германија остана над 20.000.
„Големиот број случаи низ државата е предизвикан од сè поголемото дифузно пренесување, со бројни кластери, особено во домаќинствата и домовите за стари лица, но исто така и работните места, установите во општините и оние поврзани со верски настани“, соопшти Институтот во својот последен извештај.
Заклучно со вчера, 4.339 пациенти со коронавирус се на лекување на одделите за интензивна нега, од кои 2.505 приклучени на респиратори.
Со вкупниот број на досега заразени од коронавирусот од над 1,27 милиони, Германија е петта земја во Европа со најмногу заразени, по Франција, Шпанија, Велика Британија и Италија.