Fatjon Cuka
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија уште еден пациент почина поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што бројот на починати во земјата се искачи на 23 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека на Инфективната клиника во Тирана починала 72-годишна пациентка заразена со Ковид-19.
Со ова, бројот на починати во Албанија се искачи на 23 лица.
Во Албанија се детектирани вкупно 409 случаи позитивни на вирусот Ковид-19, меѓу кои се и починатите и 165 излекувани лица.