Buket Güven
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 2.142 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 28.578 тестирања за Ковид-19, од кои 4.056 лица се позитивни на овој вирус.
Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 96 лица како последица на оваа пандемија, додека уште 296 лица биле излекувани и отпуштени од болница.
Во Турција извршени се вкупно 276.338 тестирања, откриени се вкупно 42.282 случаи, додека починаа вкупно 908 лица поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.552 лица се наоѓаат на интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 1.017, додека вкупно излекувани се 2.142 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Бројот на излеквани пациенти, кои потоа биле отпуштени од болница, изнесува 2.142 лица. Ја постигнуваме целта за извршување 30.000 тестирања на ден“, напиша Коџа, кој додаде дека излекувани се уште 296 пациенти.