Elena Teslova
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
МОСКВА (АА) - Бројот на случаите на коронавирусот Ковид-19 во Русија денес надмина 350.000, соопштија надлежните, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Најмалку 8.946 нови случаи се пријавени во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот биланс на досега дијагностицираните случаи достигна точно 353.427“, се вели во дневниот извештај на работната група за вонредни состојби.
Од вирусот во изминатите 24 часа починаа 92 лица, зголемувајќи го бројот на смртни случаи во земјата на 3.633.
Во Русија битката со вирусот ја победија 118.798 лица, вклучително и 5.499 лица пријавени за оздравени од вчера.
Русија продолжува со масовно тестирање за Ковид-19 со цел откривање на болеста во раните фази кога е помалку заразна. Досега во земјата се спроведени дури 8,9 милиони тестирања, додека над 287.000 се под медицински надзор под сомнение за заразеност со вирусот.
И покрај строгите мерки на изолација во главниот град Москва, забраната за влез на странци и лица без државјанство и прекинот на меѓународниот воздушен и железнички сообраќај, Русија е на трето место во светот по бројот на случаи на Ковид-19, по САД и Бразил.