Emre Aytekin
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 86 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 86.105.851 лице.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 21.353.051 лице.
По САД следуваат Индија (10.357.569), Бразил (7.754.560), Русија (3.260.138), Велика Британија (2.713.563), Франција (2.659.750), Турција (2.255.607), Италија (2.166.244), Шпанија (1.958.844), Германија (1.796.216), Колумбија (1.686.131), Аргентина (1.648.940), Мексико (1.455.219), Полска (1.322.947), Иран (1.249.507), Јужноафриканската Република (1.113.349), Украина (1.078.251) и Перу (1.019.475).
Во светот од Ковид-19 досега починаа 1.860.540 лица, додека 61.057.700 лица оздравеа од овој вирус.