Safvan Allahverdi
11 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) како последица на вирусот Ковид-19 починаа 851 лице, односно од почетокот на епидемијата вкупно 136.720 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму е земја со најмногу заразени и починати од Ковид-19.
Податоците објавени на „Worldometer“ покажуваат дека во последните 24 часа бројот на заразени е поголем за 72.473 и изнесува 3.293.532.
Што се однесува до земјите со најголем број дијагностицирани случаи, по САД следуваат Бразил со 1.807.496 откриени случаи, Индија со 825.753 случаи и Русија со 720.547 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата сојузни држави во САД кои се најмногу погодени од овој вирус, и тоа со 426.016 откриени случаи и 32.375 починати лица. По неа се Калифорнија со над 312.000 заразени и Тексас со повеќе од 251.000 дијагностицирани случаи.
Во САД досега спроведени се 41.032.000 тестирања за Ковид-19, а бројот на излекувани надмина 1.460.000.