Dilara Hamit
11 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
ТОКИО
Бројот на страдани во големите поплави кои ја погодија Јапонија порасна на 63, јавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дури 92 реки во 10 префектури се излија од корито, а зебележан е и 251 случај на причинета штета од клизиштата, во најголем дел во префектурата Кумамото, која е најтешко погодена од дожд, наведува новинската агенција Кјодо.
Се додава дека илјадници куќи беа поплавени, а се урнаа неколку мостови и оштетни се многумина патни правци.
Агенцијата за управување со пожари и катастрофи соопштија дека досега е упатен повик за евакуација 1,3 милиони луѓе кои живеат во југозападниот острвот Кјушу.
Јапонската метеоролошка агенција (JMA) предупреди дека дождовите ќе продолжат во регионот и дека би требало да се преземат превентивни мерки.