Mohammed Yahya Ahmad Mohammed,Halime Afra Aksoy,Hacer Başer
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Либан е забележан раст на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), додека во Катар и Либија е зголемен бројот на откриени случаи со овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Кувајт се наведува дека како последица на овој вирус починаа уште 4 лица, додека откриени се уште 551 нов случај.
Се вели дека во земјата вкупно починаа 348 лица поради Ковид-19, додека бројот на откриени случаи се искачи на 44.942.
Според соопштеното, излекувани се уште 908 лица од овој вирус, со што вкупниот број на излекувани во земјата порасна на 35.494.
- ОАЕ
Во соопштението на Министерството за здравство ОАЕ се истканува дека уште две лица починаа од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 313 лица.
Во земјата откриени се уште 437 случаи, додека вкупната бројка на откриени случаи во ОАЕ изнесува 47.797.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се уште 577 лица.
Со ова, вкупната бројка на изкелувани во ОАЕ се зголеми на 36.411.
- Бахреин
Според писменото соопштение на Министерството за здравство на Бахреин, уште 5 лица починаа од Ковид-19, додека откриени се уште 462 нови случаи.
Со ова, во Бахрејн вкупно починаа 78, додека откриени се вкупно 25.267 случаи со Ковид-19.
Во земјата излекувани се 19.781 лице од овој вирус.
- Либан
Во соопштението на Министерството за здравство на Либан се наведува дека во последните 24 часа почина уште едно лице како последица на овој вирус, откриени се уште 21 случај додека излекувани се уште 33 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата изнесува 34, вкупниот број на откриени случаи изнесува 1.740, додека вкупниот број на излекувани лица изнесува 1.153.
- Катар
Министертството за здравство на Катар соопшти дека во земјата откриени се уште 750 случаи со Ковид-19, со што бкупниот број на случаи во земјата проасна на 94.413.
Излекувани се уште 1.477 лица од овој вирус во земјата, со што вкупниот број на излекувани се искачи на 78.702 лица.
- Либија
Во соопштението на Националниот центар за борба против болести при либиската Влада се нагласува дека откриени се уште 14 случаи со Ковид-19, додека излекувани се уште 29 лица од овој вирус.
Со ова, вкупниот број на откриени случаи во земјата се искачи на 727, додека вкупниот број на излекувани се зголеми на 171 лице.