Cüneyt Karadağ
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
БЕРЛИН - Од последици предизвикани од Ковид-19, во последните 24 часа во Германија починаа 962 лица, што е нов рекорд на дневна основа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“ потврди уште 24.740 нови случаи на коронавирусот во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 1.554.920.
Институтот, исто така, објави рекордно високи 962 смртни случаи, со што билансот на досега починати се зголеми на 27.968.
Бројот на починати што е објавен денеска е „најголем број смртни случаи на дневно ниво регистрирани од почетокот на епидемијата“.
До сега најголемиот број на смртни случаи беше регистриран на 16 декември, тогаш од Ковид-19 починаа 952 лица.
Исто така нагласено дека бројот на пациенти хоспитализирани на интензивна нега поради Ковид-19 е 5.216, а од нив 2.726 се на респиратори.
Во германските медиуми се наведува дека капацитетите на некои крематориуми не се доволни поради големиот број на смртни случаи и дека мртвите тела се горат.