Mahmut Atanur
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди индонезиската покраина Ачех, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди индонезискиот Институт за метеорологија, клима и геофизика.
Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на отворено море, 121 километар југозападно од Банда Ачех, главен град на покраината Ачех.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,5 степени се случил на длабочина од 10 километри.
Според соопштеното, земјотресот бил почувствуван и во местата Сабанг и Сигли.
Досега не се објавени информации дали има жртви или материјална штета во земјотресот.