Ali Cura
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се искачи на 687.862, додека бројот на починати порасна на 10.296 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контролa и спречување на заразата од коронавирусот, во последните 24 часа откриени се уште 6.611 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на откриени случаи се зголеми на 687.862.
Во последните 24 часа починаа уште 135 лица. Со ова, вкупниот број на починати порасна на 10.296.
Исто така, во земјата излекувани се уште 3.579 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 454.329 лица.
Трендот на пораст на бројот на заразени на дневно ниво е 1 отсто, а 28,8 отсто од заразените не покажуваат симптоми.
Во Москва, во последните 24 часа се потврдени 685 случаи на заразување, односно вкупно 225.545, додека бројот на починати е зголемен за 22 и изнесува 3.975.
Заводот за заштита на правата на потрошувачите и јавното здравје во Русија соопшти дека до денеска за присуство на Ковид-19 се извршени 20.300.000 тестирања.
Во Русија првиот случај на Ковид-19 е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај поврзан со Ковид-19 е забележан на 19 март. Кон крајот на март се воведени низа мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Неодамна започна ублажувањето на воведените мерки, но и понатаму е на сила обврската за носење маски и ракавици.
Во Москва од 9 јуни е укинато ограничувањето на движењето воведено на 30 март.