АНКАРА (АА) - Од епидемијата на новиот тип коронавирус Ковид-19, што за првпат се појави во кинескиот град Вухан, досега во светот се заразени повеќе од 114.000 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ спроведува постојано апдејтирање на детектираните случаи на Ковид-19 во светот. Според последните податоци што ги објавија земјите од светот, бројот на детектирани случаи на глобално ниво изнесува 114.458 лица.
Според информациите објавени на овој сајт, во светот од Ковид-19 досега починале 4.027 луѓе, а оздравеле 64.270 луѓе.
Од епидемијата на новиот тип коронавирус во континенталниот дел на Кина досега починаа 3.136 лица, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг починаа 3 лица, во Италија 463, Иран 237, Јужна Кореја 54, САД 27, Франција и Шпанија по 30, Јапонија 16, Ирак 7, В. Британија 5, Холандија 4, Австралија 3, Швајцарија, Германија и Сан Марино по 2, и по едно лице почина во Канада, Египет, Тајланд, Тајван, Филипини и Аргентина.
Во континенталниот дел на Кина се регистирани 80.757 лица кај кои е откриен Ковид-19, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 116 и во Специјалниот Административен Регион Макао 10. Во Тајван Ковид-19 е откриен кај 45 лица.
Листата на другите земји од светот според бројот на детектирани случаи на Ковид-19 изгледа вака:
Италија 9.172 детектирани случаи, Јужна Кореја 7.513, Иран 7.161, Франција 1.412, Шпанија 1.231, Јапонија 1.226, Германија 1.224, САД 708, Швајцарија 374, В. Британија и Холандија по 321, Шведска 261, Белгија 239, Норвешка 227, Сингапур 84, Австрија 131, Малезија 117, Данска 113, Бахреин 109, Австралија 101, Грција 84, Канада 77, Ирак 71, Кувајт 65, Исланд 65, Египет и ОАЕ по 59, Сан Марино 51, Тајланд и Израел по 50, Индија 47, Либан 41, Чешка 40, Португалија 39, Финска 33, Виетнам 31, Бразил 25, Словенија 25, Палестина 25, Филипини и Ирска по 24, Алжир, Русија и Саудиска Арабија по 20, Индонезија 19, Оман и Катар по 18, Аргентина, Романија и Полска по 17, Пакистан 16, Грузија 15, Хрватска и Чиле по 13, Естонија 10, Азербејџан, Коста Рика, Унгарија и Перу по 9, Мексико, Словачка и Јужноафриканска Република по 7, Белорусија, Летонија, Албанија и Малдиви по 6, Доминиканска Република, Луксембург, Нов Зеланд, Француска Гвајана, Тунис и Босна и Херцеговина по 5, Северна Македонија 7, Авганистан, Бугарија, Србија и Малта по 4, Бангладеш и Колумбија по 3, Камбоџа, Мароко, Нигерија, Камерун, Фарски Острови, Мартиник, Свети Мартин, Кипар (грчки дел) по 2, и по еден регистриран случај во Андора, Ерменија, Јордан, Литванија, Монако, Непал, Шри Ланка, Украина, Бутан, Брунеј, Буркина Фасо, Каналски Острови, Гибралтар, Ватикан, Лихтенштајн, Молдавија, Монголија, Панама, Парагвај, Свети Бартоломеј, Того и Турската Република Северен Кипар.