Ekipa
17 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
САНА (АА) - Во Јемен починаа 186 пациенти заболени од колера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според изворите од Светската здравствена организација (СЗО) во Јемен, во земјата се регистрирани 14.064 луѓе заболени од колера.
Епидемијата зафати 14 провинции, вклучувајќи ја и Сана, каде што се забележани околу 4.500 заболени лица.
Портпаролот на Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ), Кристоф Булирак, соопшти дека во Јемен има 2,2 милиони неухранети деца, поради што е зголемен ризикот тие да се заразат со колера.
Во соопштението се вели дека УНИЦЕФ соработува со Светската здравствена организација и со други здравствени организации кога станува збор за ова прашање.