Onur Usta
21 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
НЏАМЕНА (АА) - Епидемијата на колера која избувна во Чад досега одзеде 120 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за здравство на Чад издаде писмено соопштение во коешто се наведува дека во последните денови, во подрачјата Саламат, Сила и Уадаи, во источниот дел на земјата, во подем е епидемија на колера која досега одзеде 120 животи.
Во соопштението се истакнува дека постои ризик болеста да се рашири и во останатите подрачја на земјата, бидејќи само оваа недела се забележани повеќе од 600 случаи на колера.
Министерството за здравство соопшти дека е формиран кризен штаб, со цел поефикасно да се спроведе борбата против оваа епидемија.
Во 2011 година, Чад беше зафатен од епидемија на колера, која беше причина за смртта на околу 3.000 лица.