Büşra Selvi Öğütcen,Muhammed Emin Canik
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 602 лица, а во Индија 425 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 602 лица, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 64.867 лицa.
Во земјата се откриени уште 26.051 случај, со што вкупниот број на дијагностицирани со вирусот порасна на 1.603.055.
Во земјата од вирусот оздравеа 906.286 лица.
Државата Сао Пауло, со население од околу 46 милиони, е најпогодена област во Бразил. Во оваа бразилска држава детектирани се 320.179 случаи на заразеност со коронавирусот, од кои 16.078 починаа како последица на заразеноста со Ковид-19.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
На глобално ниво Бразил е втора земја во светот по САД, според бројката на смртни случаи и лица позитивни на коронавирусот.
Институтот за статистика на Бразил претходно имаше објавено дека во мај 4,2 милиони лица го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, налик на симптомите што ги дава Ковид-19.
- Ковид-19 е причина за смртта на 19.693 лица во Индија -
Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие се регистрирани 425 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од коронавирусот се искачи на 19.693.
Во последните 24 часа се детектирани 24.248 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 697.413.
Во Индија досега од коронавирусот оздравеа 424.433 лица.
Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е трета земја во светот според бројот на лица позитивни на коронавирусот.