Muhammed Emin Canik,Nuri Aydın
11 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.214 лицa, во Мексико 665 лица, а во Индија 519 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.214 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 70.398 лицa.
Во земјата се откриени уште 45.048 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 1.800.827.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.078.763.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 665 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 33.191.
Во Мексико се откриени уште 6.891 нов случај, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 289.174.
Досега во земјата излекувани се 177.097 лица.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 519 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 22.123.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 27.114 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 820.916.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 515.386 лица.