Dmitri Chirciu
27 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 38.558, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 2.215.533, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 27.543 нови случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 2.215.533.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 496 лица, со што вкупната бројка на починати во земјата порасна на 38.558.
Оздравеа уште 26.682 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.712.174 лица.
Во Русија досега направени се над 74,8 милиони тестирања за Ковид-19.
Меѓу другото, во соопштението на Службата за заштита на човечкото здравје и правата на потрошувачите на Русија се наведува дека во 2021 година ќе почне колективната вакцинација на кандидатот за вакцина „ЕпиВакКорона“ развиена од страна на Истражниот центар „Вектор“.
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, нагласи дека над 2.500 руски војници ќе бидат вакцинирани, а планирано е да се вакцинираат над 400.000 војници.