Dmitri Chirciu,Ali Cura
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
МОСКВА
Во Русија, во изминатите 24 часа се потврдени 10.699 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 187.859, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Рускиот центар за контрола и превенција на Ковид-19 е соопштено дека во истиот период од последици на заразувањето починале 98 лица, и дека вкупниот број на починати се зголемил на 1.723.
Низ земјата се излекувани уште 2.805 лица, со што вкупниот број на излекувани достигна 26.608.
Во соопштението се наведува дека 48,9 отсто новозаразени не покажуваат симптоми на заразеност, и дека просекот на растот на бројот на заразените изнесува 6 отсто.
Жариштето на Ковид-19 во Русија е главниот град Москва, каде што бројот на заразени се зголеми за 5.846, на 98.522, додека досега од последиците на заразувањето починале 956 лица.
Во болниците на Москва од Ковид-19 досега се излекувани 10.259 лица.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека бројот на заразени во руската војска се зголемил на 1.540.
Руската служба за заштита на јавното здравје и потрошувачки права изјави дека во изминатите 24 часа биле извршени 184.000 тестирања, и дека од почетокот на пандемијата во Русија се тестирани 4.980.000 примероци.
Се истакнува дека тестирањата се извршуваат во 594 лаборатории низ земјата и дека околу 292.000 лица се наоѓаат под здравствен надзор.
Првиот случај на заразување со Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека на 19 март е забележан првиот смртен случај предизвикан со тој вирус.
За да се намали ширењето на вирусот, Русија ги затвори своите граници за странците и луѓето без државјанство и го прекина меѓународниот воздушен и железнички сообраќај.
И покрај јасно одредените мерки, Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени, со вкупно 177.000 лица.