Elena Teslova
06 Мај 2021•Ажурирај: 07 Мај 2021
МОСКВА (АА) - Русија денес ја одобри верзијата на вакцината „Спутник ве“ која се употребува во една доза, јавува Агенција Анадолија (АА).
Една доза од „Спутник лајт“ е доволна за да предизвика силен имунолошки одговор, соопшти рускиот Фонд за директни инвестиции (RDIF).
Ефикасноста на „Спутник лајт“ беше 79,4 отсто од 28-миот ден по примањето“, се вели во соопштението.
„Стапката на ефикасност од околу 80 отсто е поголема од онаа на многу вакцини за кои се потребни две дози“, соопшти рускиот Фонд.
Оттаму информираат дека стапката на ефикасност е пресметана врз основа на податоците од првата и втората фаза на испитувањата реализирани од 5 декември 2020 година до 15 април 2021 година.
Третата фаза од клиничкото испитување со учество на 7.000 луѓе е во тек во Русија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Гана и некои други земји, а резултатите се очекуваат во мај.