Dildar Baykan
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.417 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 80.056 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија, додека секој ден се повеќе се влошува билансот на починатите и откриените случаи во земјата.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 25.232 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 1.348.315.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.417 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 80.056.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 264.663 откриени случаи, Италија со 218.268 откриени случаи и Велика Британија со 215.260 откриени случаи.
Во САД досега се извршени 8 милиони 925 илјади и 350 тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус се искачи на 238.080.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс.
Во Њујорк откриени се 343.709 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 26.598 лица.