Gözde Bayar
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека елементите на лидерот на илегалните сили во Либија, Калифа Хафтар, Турција ќе ги смета за легитимна цел доколку ќе бидат таргетирани нејзините интереси во Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нападите на Хафтар кои ги таргетираа дипломатските мисии, вклучувајќи ја и турската амбасада во Триполи, аеродромот Митига, цивилните авиони кои се подготвуваа за лет, како и другите цивилни инфраструктури, претставуваат воено злосторство“, се нагласува во соопштението на турското МНР.
Според соопштението, милицијата при Хафтар ги зголеми своите напади без да направи некоја разлика, особено во Триполи.
Во соопштението се истакнува дека е неприфатливо Обединетите нации (ОН) да останат неактивни против суровоста во Либија.
Турското МНР рече дека земјите кои нудат воена, финанскиска и политичка поддршка за Хафтар, исто така се одговорни за суровоста и нестабилноста во земјата.
Денес најмалку шест цивили загинаа во нападот со ракети извршен од страна на милицијата на Хафтар на аеродромот Митига во Триполи.
Денешните напади дојдоа по неколку часа откако Мисијата за поддршка на ОН во Либија (UNSMIL) ги осуди нападите врз цивилите во Триполи, нагласувајќи дека нападите може да бидат воено злосторство.