Haydar Karaalp
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
БАГДАД (АА) - Антивладини протести повторно сe одржани на улиците во Багдад, главниот град на Ирак, откако претходно беа запрени поради пандемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).
По подолго време, демонстрантите повторно излегоа на улиците на Ирак и на познатиот плоштад „Тахрир“.
Демонстрантите порачаа дека не протестираат поради новоформираната Влада предводена од Мустафа ал Каземи, туку поради неправедната поделба на ресорите меѓу политичките партии.
Откако демонстрантите се обидоа да поминат преку полициските барикади, полицијата интервенираше со солзавец, а некои демонстранти возвратија со фрлање Молотови коктели.
Слични протести се одржани и во градовите на југот на земјата.
Владата на премиерот Ал Каземи е формирана пред четири дена.
Антивладините демонстрации започнаа во октомври минатата година, а потоа беа откажани поради пандемијата на коронавирусот. Во интервенциите на безбедносните сили на протестите животот го изгубија десетици лица.