Hakan Çopur
03 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот републикански сенатор Том Тилис соопшти дека е позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Тилис, кој е 4. сенатор во американскиот Сенат што е заразен со Ковид-19, даде писмено соопштение во кое информира дека кај него е детектиран Ковид-19.
Тилис во соопштението наведува: „Последните неколку месеци постојано правам тест за Ковид-19. Тестот што го направив во саботата беше негативен, но денешниот е позитивен.“
Истиот ден кога претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, објави дека е позитивен на Ковид-19, беше позитивен и тестот на Тилис, со што се зголеми загриженоста во врска со пандемијата на коронавирусот во Вашингтон.
Сенаторот Тилис во саботата беше едно од лицата кои во Белата куќа учествуваа на назначувањето на Ејми Кони Барет како кандидат за судија на Врховниот суд, од страна на претседателот Трамп.
Во веста објавена во американските медиуми се наведува дека некои од лицата што присуствувале на споменатата церемонија за неколку дена добиле позитивни резултати на тестовите за коронавирусот.
Претходно позитивен тест на Ковид-19 имаа сенаторите Ренд Пол, Бил Касиди и како последен Мајк Ли, кој исто така беше на назначувањето во Белата куќа.