Selma Kasap
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 3.446 лица, пренесува Агенцина Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 35.720 тестирања за Ковид-19, од кои 4.789 лица се позитивни на овој вирус.
Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 97 лица како последица на оваа пандемија, додека уште 481 лице е излекувано и отпуштено од болница.
Во Турција извршени се вкупно 376.100 тестирања, откриени се вкупно 56.956 случаи, додека починаа вкупно 1.198 лица поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.665 лица се наоѓаат на интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 978, додека вкупно излекувани се 3.446 лица.
Од друга страна, министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на Твитер напиша дека бројот на лицата кои се префрлуваат во интензивна нега, и бројот на интубирени пациенти е во пад.
„Моќни сме во лекувањето. Но, оваа борба не се победува во болниците, туку се победува преку останување дома“, рече Коџа.