Yusuf Özcan
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 14.393 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Франција, во последните 24 часа кај 1.613 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се искачи на 95.403 лица, додека бројката на заразени лица во домовите за стари лица се зголеми на 37.188 лица, со што вкупната бројка на заразени лица со Ковид-19 во земјата изнесува 132.591 лице.
Во болниците се лекуваат 31.826 лица, од кои 6.845 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 27.186.
Во последните 24 часа во болниците и старските домови починаа 561 лице поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 14.393 лица.