Muhammed Ali Toruntay
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА (АА) – Министерството за одбрана на Турција соопшти дека авионот на Турските вооружен сили (ТСК), што ќе достави медицинска помош во Јужноафриканската Република, полета од аеродромот „Ерклит“ во Кајсери, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството наведено е дека помошта во медицинска опрема е подготвена под инструкции на претседателот Реџеп Таип Ердоган, и дека Турција продолжува да помага на земјите кои имаат потреба од медицинска опрема во борбата против Ковид-19.
Во изјавата исто така се додава:
„Авионот на Турските вооружени сили овој пат полета кон Јужноафриканската Република. Нашиот авион од типот „А-400М“, завршувајќи ги подготовките од аеродромот „Еркилет“ во Кајсери, полета кон Јужна Африка, за да ја достави медицинската помош, која се состои од маски, средства за дезинфекција и заштитни комбинезони“.
Турција испорача помош на најмалку 57 земји низ целиот свет за борба против коронавирусот Ковид-19 меѓу кои и во САД, Велика Британија, Италија, Шпанија, балканските земји и многу други.