Zylfije Adem Jakupi
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа од тестирани 225 примероци сомнителни на коронавирус, 9 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сите новозаразени се случаи на контакти со веќе заразени лица.
Денес се излекувани уште 17 пациенти заболени со Ковид-19, со што бројот на оздравени се зголеми на 249.
Од почетокот на епидемијата до денес во Косово тестирани се вкупно 7.180 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 799 биле позитивни. Од Ковид-19 досега починаа 22 лица. Починатите имале и други придружни болести.