Ali Cura
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија оствари трилатерален телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот крал Салман, кои разговараа за ограничувањето на производството на нафта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Кремљ.
„Лидерите го поддржаа договорот во врска со доброволно постепено ограничувањето на производството на нафта од страна на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и некои земји што не се членки на оваа организација, со цел стабилизирање на глобалниот пазар и овозможување на одржливоста на светската економија како една целина. Овој договор стапува во сила“, се наведува во ова соопштение.
Според соопштението, покрај трилатералниот телефонски разговор, Путин и Трамп остварија одделен телефонски разговор.
Путин и Трамп разговараа за нафтениот пазар, а двајцата лидери му придаваа важност на ограничувањето на производството на нафта.
Во соопштението се вели дека разговаране е и за актулените теми за обезбедување на стратешката безбедност.