Abdullah Aşıran
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
РОТЕРДАМ (АА) - Во Холандија во последните 24 часа починаа уште 8 лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 5.830, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државниот институт за здравје и животна средина при Министерството за здравство на Холандија ги објави ажурираните податоци во врска со Ковид-19.
Во последните 24 часа уште осум пациенти заразени со Ковид-19 се пренесени во болница, со што бројката на пациенти што се лекуваат во болниците порасна на 11.680.
Исто така, бројот на откриени случаи со раст од 209 се искачи на 45.445.